Главоболка за Жељко: Едно од најголемите летни засилувања го напушта Партизан!

Утре почнува новата сезона во Евролигата, а Партизан ќе биде без американскиот интернационалец Дуан Вашингтон.

Летното засилување за „црно-белите“ е дел од трејдот на Њујорк, Минесота и Шарлот во кој, меѓу другите, партиципираа Џулиус Рендл и Карл Ентони Таунс. Никс мораа да вклучат уште еден играч во зделката за да се израмнат бројките во селари капот, па го трејдуваа Вашингтон во Шарлот кој освен играчот на Партизан, ги доби уште Дакуан Џефрис, Чарли Браун и три пика во втората рунда.

Претстојниот период, Хорнетс треба да го отпуштат Вашингтон, а потоа тој ќе потпише нов договор со Партизан и ќе се врати во Белград. Проблем Жељко Обрадовиќ е тоа што целата зделка се одвива во овој период, кога почнува Евролигата и не се знае колку точно ќе трае процесот, а со тоа и колкав период ќе биде отсутен кошаркарот.

Единствена позитивна работа за Партизан е тоа што ќе заработи околу еден милион долари.