Porsche го прослави успешното лансирање на целосно електричниот Macan на ексклузивен настан во Скопје
Гостите беа почестени со воодушевувачки поглед на градот додека се восхитуваа на врвниот дизајн на Macan и возбудливите перформанси од прва рака. Настанот вклучуваше детална презентација во живо, овозможувајќи им на присутните да ја почувствуваат возбудата на новиот Macan.
Генералниот менаџер на Порше Македонија, г-дин Златко Муцунски, ја отвори вечерта споделувајќи увид кон визијата на компанијата за иднината на електричната мобилност, нагласувајќи ја важноста на одржливоста без компромиси за перформансите.
„Живееме во време на трансформација, каде светот се движи кон поодржлива иднина. Во Porsche, ова не го гледаме како предизвик, туку како можност да ги поместиме границите на она што е можно. Нашата посветеност на иновациите, перформансите и одржливоста не доведе да создадеме возило што поставува нов стандард на пазарот на електрични SUV. Новиот Macan не е само уште еден електричен автомобил - тоа е Porsche. Вистински спортски автомобил во срцето, кое нуди возбудливото возачко искуство што го сакаат ентузијастите на Porsche, сега придвижувано од најновите достигнувања во електричната технологија.“ – Изјави Златко Муцунски, Генерален Менаџер на Порше Македонија.
„Електричниот Macan е Porsche, се чувствува како Porsche, се вози како Porsche. Електричната платформа не ја одзема суштината, туку ја подобрува и ја нагласува. Ние сме горди на тоа што претставува Macan – симбол на нашата посветеност за поместување на границите и создавање на иднина каде што електричната мобилност носи возбуда, ефикасност и непогрешливост. “ – изјави Винко Марашевиќ, Бренд Менаџер на Porsche.
Вечерта поттикна длабоки разговори помеѓу автомобилските ентузијасти, лидерите во индустријата и претставниците на медиумите, сите собрани да го прослават наелектризираниот напредок на Porsche.
Porsche смело и со сигурни чекори го продолжува своето патување кон електричната мобилност, носејќи повозбудливи модели на својата посветена база на фанови и клиенти.
КОМЕРЦИЈАЛЕН ТЕКСТ