И на сер Алекс му „пукна филмот“ - веќе му најде замена на очајниот Тен Хаг!
Ова е трета сезона за холандскиот стручњак на клупата на „ѓаволите“, досега ги освои ФА и Лига купот, но тоа не е доволно за навивачите и сакаат менаџерот кој потроши 650 милиони евра на нови играчи да се вклучи во борбата за титулата и да го врати клубот во Лигата на шампионите. Англиските медиуми пишуваат дека утрешниот натпревар во Европа и оној за четири дена во првенството се последни во кои има шанса да си ја спаси работата. Секако, тие се тешки за „вадење“ бидејќи прво гостува кај Порто во Лига Европа, а потоа и кај Астон Вила во Премиер лигата.
Англичаните пишуваат дека Тен Хејг не смее да загуби ниту еден од тие натпревари доколку сака да ја задржи работата и дека веќе се познати двајцата фаворити за негов наследник. Прва желба на Јунајтед е Симоне Инзаги од Интер, а зад него се Томаш Тухел и Масимилијано Алегри, кој е фаворит бидејќи ја има поддршката од Алекс Фергусон.
Легендата на клубот е голем фан на италијанскиот тренер. Алегри (57) со Милан го освои Скудетото, а потоа со Јувентус пет пати го освои шампионатот и купот. Двапати го водеше клубот до финалето на Лигата на шампионите. Тој е без работа од летото, кога го заврши вториот период во Јувентус.