Нашиот Адеми е тајното оружје на „модрите“ за сензација против Монако!
Хрватскиот тим ќе биде предводен од новиот тренер Ненад Бјелица, кој, пак, се надева дека присуството на поранешниот македонски репрезентативец, Аријан Адеми, може да биде клучно за евентуална сензација против „кнезовите“. Тој веќе најави дека нашиот интернационалец вечерва ќе биде во почетниот состав на загрепчани, што ќе биде првпат уште од јануари Адеми да биде стартер на две средби по ред, со оглед што го почна неодамнешниот дуел против Локомотива (5-1) од хрватското првенство на кој постигна еден погодок.
Уште од стартот на теренот на „Максимир“ се очекува да се најде и вториот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски, кој, пак, имаше една асистенција во пресметката со градскиот ривал од минатиот викенд.