Ангеловски: Нѐ боли поразот од Вардар, ама - не го сфаќаме трагично!
Предводникот на битолската чета е свесен за тежината на овој пораз, но смета дека се уште има многу да се игра во домашното првенство.
„Поразот од Вардар нѐ боли бидејќи е од голем ривал за шампионската титула, но тој не треба да се сфати толку трагично зашто имаме уште многу натпревари за играње. Сега мора да се фокусираме за следните мечеви, бидејчќи секој од нив носи своја тежина. Не планираме да потцениме ниту еден противник“, изјави Ангеловски за порталот „24 ракомет“.
Пелистер по првите четири кола е на четвртото место на табелата со шест бодови, колку што има Вардар, а лидери се Охрид и Алкалоид со по максимални осум бодови.