Џок Лендејл за секоја тројка ќе донира по 100 долари за жртвите во Австралија

Кошаркарот на Жалгирис, Австралиецот Џон Ландејл, најде начин како да им помогне на своите сограѓани на кои им е неиопходна помош по пожарите кои ја зафатија земјата на „кенгурите“.

Австралија веќе некое време е опустошена од огромните пожари кои го уништуваат целиот континент, а интензивната топлина и штетите кои се нанесени веќе достигнаа огромни размери.

Секојдневно сме сведоци на шокантни снимки од запалените области на Австралија, каде што огнената стихија голта сè пред нас. Пожарите досега однесоа повеќе од 20 човечки животи, додека флората и фауната е речиси уништена на целиот континент.

Крилниот центар на Жалгирис започна мини иницијатива која се чини дека ќе резултира кај сите кошаркари во Евролигата. Тој ќе донира по 100 долари на жртвите од пожарите за секоја тројка на мечот против Реал Мадрид и Жалгирис. Во неговата акција се вклучи и кошаркарот на Ефес, Крис Синглтон, кој ќе го стори истото на мечот против Барселона.

Не е изненадувачки доколку и другите кошаркари ширум Европа се вклучат во оваа хумана акција.