Драма во Евролигата: Навивач се борел за живот на трибините
Според информациите навивачот се онесвестил на трибините, а докторите итно реагирале за да му го спасат животот.
Литванскиот портал „ЛРТ“ пренесува дека на навивачот му се слошило и изгубил свест со што предикал загриженост и вознемирување на гледачите околу него.
Реанимацијата траела околу 20 минути и за среќа се на крајот добро се завршило. Животот на навивачот бил спасен и тој е пренесен во болница каде што состојбата му се стабилизирала.
Кога е натпреварот во прашање Жалгирис славеше победа против Монако со резултат 63-62 и така го задржа првото место на табелата со учинок 6-1.
Near-death scare in Kaunas: a spectator passed out and was being resuscitated for more than 20 minutes during Zalgiris' game against Monaco in the EuroLeague 🙏 pic.twitter.com/urqpLzjN6d
— BasketNews (@BasketNews_com) November 1, 2024