Делириум меѓу „Гробари“ на аеродром во 4 наутро: Земи, Жељко, евротитула! (ВИДЕО)

Белградски Партизан оствари две големи победи на гостувањата кај Асвел и Олимпија Милано и рано утринава се врати од евролигашката турнеја.

Тоа ги воодушеви нивните навивачи кои ги имаше во голем број на трибините во Лион и Милано. Дојдоа и утринава во 4 часот наутро на аеродромот во Белград, при слетувањето на експедицијата на Партизан.

Најжестоките навивачи направија спектакуларна атмосфера и им приредија прекрасен пречек на своите миленици и покрај тоа што Партизан се уште ништо не освоил и му претстои голема борба за остварување на својата цел. Повторно ги скандираа познатите слогани од претходните сезони, а најмногу оној „Земи, Жељко, евротитула“.