ЦСКА се пласираше на Ф4, Барселона ќе игра „мајсторка“ со Ефес

ЦСКА Москва со одличен пресврт успеа да слави против Басконија со 92-83, па така се пласираше на Ф4, додека Барселона славеше против Анадолу Ефес на домашен терен со 82-72 и избори „мајсторка“.

ЦСКА тргна одлично во мечот со серија од 5-0, но како минуваше времето Басконија играше сè подобро, па успеа да направи пресврт и да стигне до 22-20.

Басконија играше фантастично и во втората четвртина, па ги искористи своите шанси и стигна до 48-39 на полувреме.

Во третата четвтина се водеше голема борба меѓу двете екипи, а до самиот финиш Басконија успеваше да го одржи водството од +10 (68-58), но сепак ЦСКА намали на три поени негатива на крајот (68-71).

Рускиот тим играше одлично во последниот период, па со неверојатна серија успеа да стигне до голема предност и на крајот да слави со 92-83.

Руската екипа е третиот тим, кој обезбеди пласман на фајнл-форот во Евролигата.

Ефес тргна одлично на гостувањето во Барселона, но домаќините во третата четвртина направија неверојатен пресврт, кој беше недостижен до крајот на мечот за турскиот тим, па така последниот патник на Ф4 ќе биде решен на „мајсторката“.