
Црвена звезда победи во Евролигата што предизвика еуфорија кај – Гробари!
Причина за ова е фактот што шпанскиот тим е директен ривал на црно-белите во борбата за место во плејофот, за кој црвено-белите, пак, одамна немаат никакви шанси. Но, тоа не ги спречи да дадат се од себе и со одлична игра да дојдат до посакуваната победа.
Прв поентер кај „црвено-белите“ беше Недовиќ со 20 поени, додека за Басконија се истакна Томпсон со 15 поени. На четири кола до крајот на лигашниот дел во Евролигата, Ц. Звезда е на 14. место, додека Басконија како деветопласирана во моментов ќе ја продолжи битката за плеј-оф со Жалгирис, Партизан и Макаби.