ЦСКА не дозволи изненадување, Химки поразен во руското дерби!

ЦСКА Москва не дозволи изненадување против својот ривал Химки во Русија, па сега води со 2-0 во плејофот во Евролигата.

Интересно почна руското дерби со 24-22 во првата четвртина, па тоа беше најава за дополнителни возбудувања во продолжение од средбата.

Химки во втората четвртина беше подобар со 19-12, па на полувреме замина со два поени предност, поточно 43-45.

Сепак, ЦСКА благодарение на феноменалниот Серхио Родригез, во третата четвртина го превзема водството со 68-66, а до крајот имаше сигурна игра, па победи со 89-84.

Најдобар стрелец кај ЦСКА беше токму Родригез со 26 постигнати поени, а Кори Хигинс стигна до 19, додека кај Химки најефикасен беше Ентони Гил со 23 поени.

Серијата се игра до три победи, по принципот 2-2-1, кога е во прашање распоредот на домаќините.