Ц. Звезда конечно победи во Евролигата, Партизан моќно го прегази Баерн Минхен!
Црвено-белите по голема борба и драматичен финиш триумфираа на гостувањето кај Макаби Тел Авив (89-86), со што ставија крај на низата од четири порази по ред. Составот предводен од Душко Ивановиќ апсолутно заслужено ја преслуша „Гордоста на Израел“, со оглед што водеше во најголемиот дел од средбата, а во третиот период во неколку наврати имаа и плус 16. Домаќинот во финишот се приближи на минимална негатива, но белграѓани излегоа поуспешни во пенал-завршницата. Немања Недовиќ со 28 поени беше најпрецизен кај Ц. Звезда, додека Вејд Болдвин со 38 поени беше најефикасен кај Макаби ТА.
Црно-белите, пак, направија двоен спектакл против Баерн Минхен (82-71), со оглед што кошаркарите со мелеа противникот на паркетот, а популарните „Гробари“ доминираа на трибините, од каде што се слушаше само нивната песна. Четата на Жељко Обрадовиќ водеше во речиси во сите 40 минути, а на стартот од последната четвртина имаше и плус 20 (67-47) по што следуваше мало опуштање, но не доволно за сензационален пресврт. Кевин Пантер со 18 поени беше најефикасен кај победникот, додека Сили со 11 поени беше најпрецизен кај германскиот тим.
Партизан со оваа победа дојде до скор 13-11 и барем привремено се искачи на шестата позиција на евролигашката табела, додека Ц. Звезда има учинок 11-13 и во моментов е 13-то пласирана.