Барселона го распарчи Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Куп

Кошаркарите на Барселона со моќна игра во поголемиот дел од натпреварот го совладаа Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Куп со 88-73 и го освоија трофејот.

Реал Мадрид имаше водство само на почетокот, по што каталонскиот терен ги презема работите во свои раце и на полувреме замина со предност од дури 21 поен.

Во третата четвртина „кралевите“ покажаа заби и со неколку тројки намалија на -13, но веднаш следеше одговор од Барселона, која се врати на +19.

Реал не губеше надеж и не се предаваше, па ја отвори добро последната четвртина, но Барселона имаше преголемо водство кое успеа да го зачува до крајот (88-73).

Кори Хигинс беше најдобар стрелец кај Барселона со 20 поени, додека најефикасен кај Реал Мадрид беше Таварес