Баерн без Димитријевиќ немоќен во Каунас, Жалгирис запиша важен триумф

Кошаркарите на Жалгирис беа подобри од Баерн Минхен во Каунас со 78-71 за нов триумф во Евролигата.

По израмнетиот почеток на натпреварот (18-18), Баерн заигра за нијанса подобро и на полувреме замина со предност од 38-34.

Жалгирис имаше добар почеток на третата четвртина во која создаде висока предност и успеа да ја задржи до крајот, иако Баерн во финишот успеа да намали на минус три (71-74).

Најефикасен кај Жалгирис беше Азулас Тубелис со 21 поен и четири скокови, додека Оскар Да Силва постигна 12 поени и 10 скокови за Баерн.

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ не беше во конкуренција за денешниот натпревар.

На останатите натпревари, Макаби Тел Авив славеше со 94-89 против Фенербахче, додека Монако го совлада Милано со 90-85.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/BC Žalgiris Kaunas