Познати датумите за Купот: Двете Шкендии ќе играат прво во Тетово, па во Куманово!
Комисијата за натпреварување при ФФМ ги одреди и датумите за натпреварите од Купот, па така двете Шкендии прво ќе играат во Тетово на 22 април, а реваншот е закажан за 6 мај во Куманово.
Во овие натпревари од Купот ќе има ВАР-технологија, а реваншот се игра во Куманово затоа што Шкендија Арачиново нема стадион на кој е имплементиран видео-системот.