Голем удар за Арсенал - ќе биде ослабен во важни натпревари!

Англискиот гигант Арсенал соопшти дека Еберечи Езе е повреден и ќе паузира неколку недели, а тоа го потврдија деталните медицински прегледи.

Езе би можел да паузира до шест недели, што значи дека ќе пропушти важни натпревари за Премиер лигата, но и Лигата на шампиони (ЛШ) и ФА-купот.

Доколку паузира еден месец, тогаш ќе го пропушти и гостувањето кај Манчестер сити, но и двомечот со Спортинг Лисабон, како и пресметките со Саутемптон и Борнмут.

Арсенал во моментов е лидер во Премиер лигата со девет бодови повеќе од Манчестер сити.

Фото: Facebook/Arsenal