Мини-баскет фестивал во Виница - иднината на макбаскетот на едно место (ФОТО)
Во спортската сала „Капетан Кирчо Димитријов“ беа поставени неколку специјално креирани терени, прилагодени за најмладите категории, на кои продефилираа идни кошаркари и кошаркарки.

Настанот им овозможи на младите учесници не само дружење, туку и можност да ги тестираат своите кошаркарски вештини во натпревари со врсници од различни средини. Атмосферата беше исполнета со позитивна енергија, спортски дух и желба за напредок.

Овој кошаркарски собир претставува дел од активностите на Кошаркарската федерација на Македонија насочени кон развој на младинските категории и промоција на кошарката меѓу најмладите.



