Една од ѕвездите на Челси ја „затвори вратата“ за трансфер во Реал Мадрид

Челси се наоѓа во голема резултатска криза и поради тоа најголемите ѕвезди на клубот почнаа да ги поврзуваат со трансфери во други екипи, но една од нив посочи дека не планира да го напушти „Стемфорд бриџ“.

Фудбалерот на Челси, Мојсес Каиседо испрати јасна порака за неговата иднина и стави крај на шпекулациите за евентуален трансфер во Реал Мадрид.

„Имам договор со Челси и сакам да станам легенда таму, тоа е мојата мисија“, кажа Каиседо во изјава за „Ел Чирингито“.

Репрезентативецот на Еквадор пристигна во лондонскиот гигант од редовите на Брајтон.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club