Спектакл во Сараево: Охриѓанецот Осман со Панатинаикос го реши Дубаи

Кошаркарите на Панатинаикос триумфираа против Дубаи во Сараево со 107-104 од натпреварот во 33. коло од Евролигата.

Двете екипи беа расположени во нападот и понудија вистинско шоу во салата, а на крајот се радуваше грчката екипа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Охриѓанецот Џеди осман со 23 поени, додека на спротивната страна Џанан Муса запиша 31 поен.

Панатинаикос по 33 одиграни натпревари има 19 победи и 14 порази, додека Дубаи има 17 триумфи и 16 порази.

Фото: Facebook/Panathinaikos BC