Вардар од денеска има нов тренер!

Само еден ден по официјалното заминување на доскорешниот предводник од клупата, Дарко Радуловиќ, управата на Вардар најде негова замена и тоа во сопствените редови, Александар Јованчев.

Станува збор за млад тренер, кој досега работеше во младинските категории на црвено-црните и кој беше селектор на кадетската репрезентација на Македонија која пред две години го освои бронзениот медал на Европското првенство во Б-дивизија. Јованчев последните сезони работеше како помошник во сениорскиот погон на Вардар, поради што нема да му треба премногу време за аклиматизација на новата функција.

Радуловиќ, пак, вчера беше промовиран во помошник на Ѓорѓи Кочов во таборот на МЗТ Скопје.