Урнебесно: Мираковски им даде совети на англиски јазик, па ги опцу на – српски (ВИДЕО)

Првото полувреме од вечерашниот натпревар помеѓу Работнички и МЗТ Скопје, втор од полуфиналната плејоф-серија, донесе тврда кошарка и водство на гостинскиот тим (42-34), но и мала гужва на трибините, куп хартии на паркетот и еден урнебесен тајмаут на домашната екипа.

Во налет на адреналин со оглед на важноста на средбата, но и на квалитетот на противникот кој секогаш носи дополнителен мотив, тренерот на центарци, Димитар Мираковски, на тајмаут на своите играчи им објаснуваше на англиски јазик, но помеѓу две реченици опци на српски јазик, колку да си олесни во налетот на нервозата. Потоа, популарниот Мите продолжи да советува на јазикот кој го разбираат сите во тимот, со оглед на двајцата Американци кои ги има на располагање.

МЗТ Скопје во вечерашниот дуел влезе со предност 1-0 по триумфот пред неколку дена во Аеродром, па пред кошаркарите на Работнички е меч кој не смеат да го загубат, бидејќи во спротивно тоа би значело крај на сезоната за нив.