Тежок удар за дебитантот: Маџари против МЗТ ќе биде без еден од најдобрите

Вечерва во „Јане Сандански“ од 20:30 часот се игра првиот натпревар од финалната серија помеѓу МЗТ и дебитантот Маџари кој во овој дуел ќе влезе значително ослабен.

Од редовите на Маџари потврдија дека за натпреварот нема да може да сметаат на Џејвон Грин. Клубот информираше дека Грин е повреден и ќе мора да паузира одреден период.

„Овој натпревар денес е нешто за кое работевме напорно цела сезона. Да добиеме шанса да играме финале уште во првата година во Суперлигата е огромен успех за нас, но не сакаме да застанеме тука.

МЗТ е одличен тим и мора да излеземе со многу енергија, борба и карактер. Ќе ни треба и поддршката од нашата публика — сакам навивачите на Маџари да бидат гласни и да нè носат напред во текот на целиот натпревар!“, изјави Американецот пред натпреварот.