Техниката откажа : Дефинитивно одложенo дербито помеѓу Работнички и МЗТ Скопје!

Најголемото кошаркарско дерби помеѓу Работнички и МЗТ Скопје нема да се одигра вечерва, откако делегатот на средбата, Зоран Николовски, утврди дека не функционираат семафорите шти ги означуваат 24-те секунди за напад.

Поточно, домаќинот може да обезбеди само еден функционален мал семафор, што не е доволно да се одигра регуларен натпревар.

Поради тоа, средбата се пролонгира најверојатно за утре во „Борис Трајковски“. Ова засега е неофицијален податок, кој центарци треба да го потврдат во текот на денот.