Тасовски како виното - и со 42 години се уште стрела снајперски (ФОТО+ВИДЕО)

Две години откако го одигра последниот меч веќе зачекорено во петтата деценија како кошаркар на Гостивар, поранешниот репрезентативец Диме Тасовски денеска и официјално се врати од пензија.

Легендарниот шутер на 42-годишна возраст дебитира во дресот на третолигашот Маџари поразот во дерби пресметката со Феникс (64-70). Без разлика на возраста и долгата пауза, Тасовски потсети дека беше еден од најдобрите шутери во историјата на макбаскетот, погодувајќи неколку пати во свој препознатлив стил.

Поранешното крило на Жито Вардар, Вардар, Работнички и уште многу други домашни и странски кошаркари истовремено е и помошник во стручниот штаб на тренерот Ивица Палевски. Тој е единствен во историјата кој играл на прволигашко ниво во четири различни децении - последната од минатиот век и трите од овој.