Кошаркарите на Работнички го победи Куманово (88-79) во последниот меч пред паузата за завршницата во Купот и настапот на репрезентација, но истовремено доби опомена дека предвременото опуштање би можело скапо да ги чини на некоја од следниот пресметки.

Шампионот доминираше сѐ до пред крајот на третиот период, кога некако запреа, што секогаш незгодните кумановци максимално го искористија. Гостите во само пет минути направи серија 19-3 и од минус 14 (50-64) дури и дојдоа до водство во 33. минута од средбата. Ова делуваше како врела шлаканица за избраниците на тренерот Марин Докузовски, кои дури тогаш сфатија дека ѓаволот ја однел шегата па во следните 200 секунди вратија со 12 поени во низа за одново двоцифрено водство на семафорот кое им ја загарантира победата.

Една од причините за послабата игра на центарци беше отсуството на најдобриот стрелец, Кирил Николовски, поради повреда, додека само десет минути одигра ветеранот Ѓорѓи Чековски. Во нивно отсуство, најфикасен беа Чавдар Костов и Димитар Мираковски со по 19 поени, додека Бојан Крстевски реализира 17 поени. Филип Думиќ со 22 поени беше најпрецизен кај Куманово.

Во останатите две денешни средби од 15. коло од Првата лига, Фени индустри како гостин го совлада Вардар (80-70) додека Кожув потешко од очекувањата го победи Пелистер (73-68). Вчера, Блокотехна го здроби Шкупи (102-53), додека рундата ќе биде заокружена утре со дерби-пресметката помеѓу Гостивар и МЗТ Скопје (17.30 часот).