Работнички подобар од Еуро Никел во Кавадарци

Скопскиот гигант Работнички славеше на гостувањето кај Еуро Никел со 92-91 за седмата победа по ред во кошаркарската Прва лига на Македонија.

Еуро Никел во салата во Кавадарци имаше добар старт и водство од 28-24 по првата четвртина, но Работнички до полувреме успеа да намали на 47-49.

Голема борба на паркетот се водеше и во второто полувреме, при што во последните 10 минути од мечот Еуро Никел влезе со предност од два поени.

Работнички набрзо направи пресврт (79-78), но екипата од Кавадарци не се предаваше и израмни на 88-88. Сепак, во финишот скопскиот тим влезе во ритам и победи со 92-91.

По 17 одиграни кола во Првата лига, Работнички е втор со 13 победи и четири порази, додека Еуро Никел е трет со 12 триумфи и пет порази.