Поранешен кошаркар на Соколи претепал таксист, му ја украл колата и направил хаос во – градинка!

Поранешниот кошаркар на Карпош Соколи, Драган Лабовиќ, денеска е во центарот на вниманието на српската јавност иако веќе две години е надвор од кошарката, откако напчравил огромен инцидент поради што морал да биде приведен од полицијата.

Некогашниот освојувач на златен медал од Европските првенства во младинска, јуниорска и кадетска конкуренција со Србија, кој своевремено важеше и најталентиран кошаркар кај северниот сосед, прво физички нападна таксист, од кого потоа му го украл автомобилот и се упатил кон градинката во која работела неговата мајка. Таму продолжил да дивее и да прави хаос, поради што морала да реагираат полицајците, кои едвај успеале да го смират.

Ова е втор сличен инцидент на Лабовиќ, кој беше приведен и пред две години, поради сомнение дека пијан направил хаос на базен во Белград. По испиена голема количина пива, почнал да ги крши празните шишиња, да пцуе и навредува 25-годишно момче, на кого му се заканувал дека ќе му ја запали куќата.

Високиот центар дресот на Карпош Соколи го носеше во сезоната 2016/17, кога клубот играше во АБА-лигата и дојде до пехарот во Купот на Македонија, а играше во финалето во првенството, каде што загуби од МЗТ Скопје (2-3).