Пелистер со „стотка“ ги прегази Ангели го прескокна Куманово на врвот

Кошаркарите на Пелистер лесно ја оправдаа фаворитската улога и во петтото коло на гости против Ангели славеа со 100-76 за петти триумф.

Не дозволија битолчани никакво изненадување и од самиот старт на мечот ја имаа контролата над играта. По првиот период имаа предност од шест поени (22-17), а веќе во втората стана јасно дека домаќинот нема да може да направи нешто повеќе. Веќе до паузата разликата одеше до 25 поени (54-29).

Во продолжение само рутински ја одработија задачата и не му дозволија на противникот ниту да се доближи. Најдобар во редовите на победничкиот состав беше Остин Прајс со 18 поени, а исто толку на спротивната страна постигна и Кацарски.

Пелистер со овој триумф го презема и вррвот на табелата од Куманово кој вчера во пресметката со ТФТ го претрпе првиот пораз во сезоната.