Пелистер го прегази Феникс за петти триумф во Првата лига
Првата четвртина ни донесе големи возбудувања, но и водство од 26-24 на Феникс, меѓутоа Пелистер го крена нивото на игра во вторите 10 минути и замина на паузата со предност од 59-46.
Екипата од Скопје се обиде да го возврати ударот во продолжение и делумно успеа затоа што ја намали разликата на само седум поени (63-70), но потоа битолчани со сигурна игра до крајот запишаа триумф од 110-93.
Никола Мишковиќ постигна 30 поени, 13 скокови и седум асистенции за Пелистер, додека Андреј Митревски запиша 18 поени за Феникс.