Наумоски до клубовите: Знам дека зад притисокот стои човекот кој сака да ме замени!

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумоски, имаше емотивно обраќање кон клубовите на денешниот составок на Здружението на прволигашите, во кои се обиде да даде одговор на нападите кои деновиве беа упатени кон него, пред сѐ заканите со кривични пријави за непостапување по одлуките на органите на Куќата на кошарката.

Тој потенцираше дека знае од каде доаѓаа нападите и дека не е точно дека фаворизирал некого.

„Кај мене никогаш никој немал протекција, кон сите клубови се однесувам еднакво. Моравме да суспендираме иако не сакавме, пред сѐ поради заканите со кривични пријави. Не сакавме да реагираме за да има мирна завршница на Купот на Македонија, но сега моравме бидејќи се такви правилата. Од авион се гледа кој и зошто го прави ова. Зад сите притисоци се два клуба кои се директна врска со лице кое претендира да биде претседател на МКФ“, изјави Наумоски алудирајќи на Перо Антиќ, кој беше поврзуван со трансфер во Работнички, а до неодамна беше и акционер во Гостивар.

Наумоски напомна и дека е подготвен да им излеземе во пресрет на барањата на клубовите во делот на суспензиите, но под услов Работнички да ги повлече сите клевети изречени во медиумите како и евентуалните кривични пријави кои се или ќе бидат поднесени за лушето од федерацијата. Тој објасни и дека Работнички имал некомплетна документација за Ксавиер Џонсон, што и го признал, а што е единствена причина што тој не бил регистриран, а не некои други задкулисни игри.