На Фемили не им е здодеано од пехари – еуфорично го прославија и новиот трофеј (ФОТО)

Екипата на МЗТ Скопје далеку потешко од очекувањата дојдоа до триумф во вечерашната пресметка од Суперкупот против Кожув (71-67), што не беше причина нивните навивачи еуфорично да го прослават продолжувањето на доминацијата во македонската кошарка.

Ова беше 11-ти по ред пехар за аеродромци во трите домашни натпреварување, серија каква што немал ниту Работнички во своите најдобри години по осамостојувањето на државата. Тоа не е само потврда на квалитетот на „металците“, туку и доказ за големиот пад на квалитетот во макбаскетот, каде што одамна нема вистинска конкуренција помеѓу два, а не, пак и повеќе тимови.

Вечерашниот дуел за пехарот „Драган Василов-Цевка“ значеше и официјален старт на новата кошаркарска сезона, со оглед што првенството почнува следниот викенд со 12 екипи.