
МЗТ прокоцка плус 15 и загуби во репризата од куп-финалето!
Домаќините како да беа во грч на почетокот, па МЗТ го отвори натпреварот со 0-13 кога Кожуф ги постигна првите поени на средбата и тоа беше тројка. Се вратија домаќините до крајот на првиот период на „минус осум“ (12-20).
Но, во вториот период повторно доминираше тимот од Аеродром кој стигна и до највисоките „плус 15“ (16-31), но како МЗТ тука да застана и предноста започна да се топи. Успеа Кожуф до паузата да дојде и до само четири поени негатива (33-37).
Третиот период донесе изедначена игра, но по него за домашниот тим го презема водствот и во последниот период влезе со 56-55.
Избраниците на Атанасов го свртија резултатот и на стартот на последната четвртина водеа со 59-64, сепак во продолжение следуваше серја на домаќините од 15-5, „штрковите“ не се откажаа, но во завршницата сепак беа поразени.
Една од причините за поразот на МЗТ може да се бара и во исклучувањето поради две технички грешки на Војдан Стојановски на три минути пред крајот.
Најефикасен беше Дион Едвин со 23, додека Андреј Маслнико запиша дабл-дабл со 21 поен и 11 скока. Во редовите на Кожув Вилсон уфрли 18 поени.
Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Тиквеш беше подобар од аир со 84-76, додека претходно Куманово го доби Шкупи 83-75.