МЗТ го здроби Кожув и ќе го брани пехарот во Купот
Првата четвртина понуди возбудлива кошарка, но и минимално водство на тимот од Аеродром по првите 10 минути (20-18), но затоа МЗТ го засили темпото во продолжение и на паузата замина со предност од 46-28.
МЗТ продолжи во ист ритам во второто полувреме, а на крајот оствари победа од 76-58 со што се пласира во финалето на Купот, каде што ќе игра против подобриот од средбата меѓу ТФТ и Куманово.
Најефикасен кај МЗТ беше Смит со 12 поени, додека Магдевски и Дамјан Стојановски запишаа по 10 поени. На спротивната страна, Кузманов запиша 15 поени и 10 скокови.