Маџари по голема драма и продолжение го урна ТФТ (ФОТО)
Првата четвртина на мечот ја одбележа израмнета игра, но во финишот Маџари влезе во мини-серија и стигна до 19-16.
Маџари во втората четвртина успеа да поведе и со 33-24, но екипата од Тафталиџе почна да ја топи негативата и стигна до „минус еден“ (34-35) на полувремето.
ТФТ направи целосен пресврт на стартот на вториот дел (50-42), но потоа следеше голема криза во нападот за Маџари да стигне до +11 (73-62) во завршницата.
Кошаркарите на ТФТ не се предадоа и беа одлични во финишот, па со серија од 11-0 успеаја да изборат продолженија. Сепак, Маџари беше поуспешен во дополнителните пет минути и триумфира со 84-82.






