Крај на една ера: Крстевски по седум години го напушти МЗТ Скопје и се пресели на север

Довчерашниот центар на МЗТ Скопје, Бојан Крстевски го напушти клубот од Аеродром, по седум години поминати во него.

Репрезентативецот утре официјално ќе стави потпис на МКК Куманово, но договорени се сите детали околу неговиот премин во финалистот од Купот на Македонија. Таму повторно ќе работи со Марин Докузовски со кого соработуваше и во Работнички и освои една шампионска титула, во 2018 година.

Останатите шест му се со МЗТ Скопје, сите освоени во периодот од 2021 до 2026 година, а има уште пет купа на Македонија и со вкупно 12 трофеи е еден од најуспешните кошаркари на сите времиња во земјава.

Крстевски ја почна кариерата во Работнички, играше и за Центар, Вардар, Торус и Кожув, а има и интернационално искуство бидејќи три сезони настапуваше во грчкиот тим Кавала.