Кошаркарскиот свет во шок: Зарем е можно во три дена да останеме без Коби и без Буштур!?
Социјалните мрежи се полни со пораки на неверување, шок и со тажни збогувања со поранешниот репрезентативец на некогашна СФР Југославија и селектор на македонскиот национален тим.
„Зошто сега? Зарем вака требаше да заминеш во легендите? Зарем е можно во три дена да останеме и без Коби и без Буштур“, се само дел од речениците кои кошаркарските работници кај нас ги напишаа утринава на социјалните мрежи.
Георгиевски клупската кариера ја мина во дресот на Работнички, со кој двапати играше во финалето на Купот на СФР Југославија (1976 и 1983 година), како и во полуфиналето од Купот на победниците на куповите во 1976 година. Тој е единствениот македонски кошаркар кој настапил во југословенскиот дрес на големи натпреварувања, во кој има сребро од ЕП 1971 и од Олимписките игри 1976 година во Монтреал.