И Наумоски се повлекува: Перо Антиќ сигурно ќе биде нов претседател на КФСМ!

Перо Антиќ речиси сигурно ќе биде нов претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), откако, според нашите неофицијални информации, се уште актуелниот прв човек на Куќата на кошарката, Петар Наумоски, решил воопшто да не се кандидира за нов мандат.

Претходно од трката се повлече и спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски. Изборното Собрание ќе се одржи попладнево во „Сквер 21“ во Скопје, а покрај нов претседател, организацијата задолжена за развој на макбаскетот на овој собир ќе доби и ново име - Кошаркарска федерација на Република С. Македонија (КФСМ).