Гостивар славеше над Тиквеш и дојде на чекор од опстанок

Во претпоследното коло од плеј-аутот екипата на Гостивар славеше победа од 84-69 над Тиквеш и така дојде на чекор од обезбедување опстанок.

Гостиварци во последното коло гостуваат кај Вардар кој е последен и во натпреварот ќе влезат како големи фаворити.

Домашната екипа уште во првото полувреме покажа дека е решена да дојде до бодовите во Кавадарци и на одмор заминаа со сигурно водство од 55-29.

Не дозволи Гостивар да се доближи и во второто полувреме, па рутински ги одработи последните две четвртини за важна победа.

Најефикасен на натпреварот беше Грушановиќ од Гостивар со 29 поени, додека за Тиквеш, Андрам Чадамов уфрли 22.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Шкупи го совлада Вардар со 104-79.