Главчев: Никогаш не се предаваме и против секого одиме на – победа!

Со два одложени поради позитивни на Ковид-19 и четири, засега сигурни средби, викендов и официјално почнува кошаркарското првенство и тоа со едномесечно задоцнување поради нерешителниста на луѓето од КФМ како да се справат со пандемијата со коронавирусот.

Честа да го отворат новиот шампионат во Првата лига имаат кошаркарите на Академија ФМП и Гостивар, кои вечерва, во салата „Независна Македонија“ во скопската наелба Кисела Вода ќе го пречекаат Гостивар. Гостинот ја има улогата на фаворит, но „академците“ немаат намера однапред да се предадат.

„ Гостиварци дефинитивно се фаворити на хартија, но иако сме млада екипа, никогаш однапред не се предаваме. Одиме на фактор изненадување и секако на победа, како и против секој друг противник. Имавме мал период да се подготвиме после карантинот, но јас и моите соиграчи ќе излеземе на терен со желба за докажување и позитивен резултат“, вели капитенот на Академија ФМП и поранешен младински репрезентативец, Горан Главчев.

Слични се размислувањата и на тренерот Александар Петровиќ, кој летово ја замени клупата на Куманово со таа на скопскиот прволигаш.

„Играме против екипи што претендира да биде меѓу четирите најдобри во Првата лига. Тим, што го задржа костурот од минатата сезона со дополнителни засилувања на одредени позиции. Ние, како екипа што беше во повеќедневен карантин, пред сè ни е најважно здравјето на играчите поради целата ситуација која владее моментално, но не се откажуваме предвреме и одиме да го дадеме својот максимум против фаворитот на овој натпревар“, изјави тренерот Петровиќ.

Истовремено со дуелот во Кисела Вода, денеска на терен ќе се најдат и кошаркарите на ТФТ и Куманово, кои со почеток од 18 часот, во салата СРЦ „Кале“, ќе го одиграат реваншот на неодамнешната пресметка од БИБЛ-лигата. Утре на програмата се дуелите помеѓу МЗТ Скопје УНИ Банка и Еуроникел (16 часот, „Јане Сандански“) и вечното дерби помеѓу Работнички и МЗТ Скопје (18 часот, „Градски парк“).