
Еуро Никел ја доби драмата во Чаир
Чаир успеа да се врати од 16 поени негатива, но не и да го добие натпреварот против кавадаречкиот тим. Сепак чаирчани одиграа за интересна завршница.
Во еден момент Еуро Никел имаше предност од 61-45, но Чаир успеа да се врати, дури и да поведе со 89-88 на нешто повеќе од една минута до крајот. Сепак во една пенал завршница тимот од Кавадарци дојде до триумф од 96-92.
Смит Меквен со 28 поени беше најефикасен, Врањеш имаше дабл-дабл учинок од 22 поени и 10 скокови, во составот на Чаир фантастичен беше Мофит кој реализираше 38 поени, но тие не беа доволни за да се избегне пораз.