Чупиќ: Знаевме дека нè чека тешко финале, среќни сме со освоениот трофеј!
Чупиќ најпрво им честиташе на ривалите за одличната борба, по што кажа дека се задоволни затоа што освоиле уште еден пехар.
„Задоволни сме кога ќе освоиме трофеј. Среќата и задоволството се големи. Знаевме дека нè чека тешко финале против многу добар противник. Им честитам на Охрид за коректниот натпревар. Честитки и до моите ракометари за играта“, кажа Чупиќ.
Вардар со оваа победа стигна до петтиот пехар во Суперкупот на Македонија.