Бадел 1862 со „брејк“ во Македонска Каменица ја врати титулата во Скопје!
Со тоа, тие ја вратија титулата во Скопје и тоа од вечерашните противнички, кои лани првпат дојдоа до ова признание. Ова е вкупно 14. титула за Бадел 1862, од кои поголемиот дел беа освоени под името Вигор Скопје.
Александра Стојановска со 27 поени беше лидер во шампионскиот тим, по што го доби признанието за МВП на финалната серија, додека Американката Метју имаше 20 поени и 13 скока. Снежана Алексиќ со 25 поени беше најдобра кај Баскет Кам.