
Видеолотарија ја продолжи стручната соработка за одговорно играње игри на среќа
Видеолотарија Касинос Австрија под слоганот ИГРАЈ ОДГОВОРНО, ја продолжи соработката со Здружението на клубови на лекувани зависници на Република Македонија и нивниот тим составен од стручни лица од областа на психологијата и психијатријата. Преку оваа соработка, продолжуваме со реализацијата на нашата примарна цел, едукација и превенција за одговорното играње игри на среќа.
Соработката официјално започна во 2019 година, кога и беше формиран првиот СОС тим од ваков вид во нашата земја, целосно поддржан од Видеолотарија Касинос Австрија. Беше активирана и СОС линија 072 809 809 со телефонска поддршка и деск верзија преку имејл. До 2025 во функција беа ставени три стручни советувалишта и тоа во Скопје, Прилеп и Куманово со своја посебна СОС линија. Годинава веќе се отпочнати и дополнителни активности за нови советувалишта во Прилеп и Радовиш.
Во насока на едукација и превенција на јавноста, постојано се реализираат едукативни предавања за учениците низ повеќе факултети и средни училишта во земјава, како и за родителите/старателите од згрижувачки семејства. Дополнително беа реализирани и специфицирани трибини поврзани со проблемите кои ги предизвикува прекумерното користење на психоактивните супстанции и игри на среќа.
И во текот на новата соработка ќе продолжиме со едукација и ќе настојуваме да влијаеме кон зголемувањето на јавната свест за ризикот и опасностите од прекумерно играње игри на среќа.
Видеолотарија Касинос Австрија како членка на Европската и Светската Асоцијација на лотарии, поседува и сертификат за одговорно приредување игри на среќа, што дополнително укажува на нашата сериозност како општествено одговорна компанија.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите