Пелистер ја распродаде салата за дуелот со Алкалоид!

Во викендот кој следи пред нас се натпреварите од третото коло во плеј-офот од ракометната Суперлига кое ни го носи и дербито помеѓу помеѓу Пелистер и Алкалоид.

Пелистер е лидер на табелата и на добар пат да стигне до титулата во првенството, а сега во натпреварот против Алкалоид ќе игра пред полни трибините.

Битолскиот клуб објави дека салата „Боро Чурлевски“ е веќе распродадена до последното место, па јасно е дека избраниците на Кире Лазаров ги чека жешка атмосфеа.

Натпреварот се игра в недела со почеток од 18:00 часот.