Билет за натпреварот Вардар - Звезда ќе може да се купи и пред стадион

Вечерва во Скопје на Арената Тодор Проески ќе се одигра натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда кој ќе има хуманитарен карактер.

Билетите за натпреварот се продаваат по цена од 100 и 200 денари, а досега се продадени над 20.000 билети од онлајн продажбата.

Но, денеска сите кои не успеале онлајн да купат билет ќе можат тоа го направат и на билетераницата пред стадионот кој ќе биде отворена од 16:00 до 18:00 часот.

Сите средства од билетите ќе бидат донирани на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.