
Тевез најави спектакл: Роналдо и Меси повторно заедно на терен!
Во натпреварот кој ќе го организира Тевез ќе присуствуваат легенди од клубовите во кои настапуваше во кариерата, а тоа се: Бока Јуниорс, Коринтијас, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Јувентус, но и репрезентацијата на Аргентина.
Посебно потенцираше дека сака на натпреварот да присуствуваат Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
„Лионел Меси и Кристијано Роналдо лично ќе ги доведам, ги имам нивните броеви на Ватсап“, објави Тевез кој со Роналдо ја делеше соблекувалната во Манчестер јунајтед, додека со Меси беше соиграч во репрезентацијата.
Откри Тевез какви се неговите планови за останатите:
„Ван Дер Сар ќе биде на едниот гол, Буфон на другиот. Во одбраната ќе бидат: Фердинан, Видиќ, Киелини, Бонучи...мојот брат Евра исто така мора да е тука. Кога во прашање е средниот ред очекувам да се појават: Пирло, Сколс, Рикелме, Руни во нападот исто така...потребно ќе биде само да најдам термин кој ќе одговара за сите“, најави Тевез.
Фото: EPA PHOTO