
Партизан ја распродаде салата и за мечот кој – ништо не им значи!
И покрај тоа што „црно-белите“ веќе ги загубија шансите за пласман во плеј-ин фазата на елитното европско натпреварување, интересот на навивачите не опаѓа – арената ќе биде исполнета до последно место. Ова е само уште еден доказ за голема љубов и поддршка која црно-белите ја добиваат од верните Гробари, дури и во ситуацијата кога резултатите се ептен лоши.
Партизан моментално се наоѓа на 11. место на табелата со 16 победи и 17 порази, додека Реал Мадрид е на седмата позиција со скор од 19 победи и 14 порази.
ФОТО: EPA PHOTO