
Алкараз лесно до четврт-финале во Монте Карло – одигра поен за паметење (ВИДЕО)
Првиот сет траеше 53 минути и понуди голема доза на драма уште од самиот почеток. Алкараз успеа да спаси неколку брејк-топки во вториот гем, во кој имаше и еден поен за паметење (види ТУКА), а потоа во петтиот стигна до првиот брејк. Алтмаер веднаш возврати со рибрејк, но третиот тенисер на АТП листата повторно направи брејк и потврди водство од 5-3. Со агресивен пристап на сервисот на противникот, Алкараз го освои и деветтиот гем, со што го затвори првиот сет.
Шпанецпт, пак, доминираше во вториот сет, во кој со два брејка и сигурна игра брзо дојде до убедлива победа од 6-1. Негов противник во четвртфиналето ќе биде Французинот Артур Фис, кој го елиминираше Андреј Рубљов од турнирот.
ФОТО: EPA PHOTO