КС Групацијата со поддршка за најдобрите работници на ЈЗУ УК за Пулмологија и Алергологија
Настанот, кој се одржува шеста година по ред, има за цел да ја истакне професионалноста, посветеноста и човечката димензија на здравствените работници, како и да ја поттикне мотивацијата и тимскиот дух во здравствениот систем. Преку анонимно гласање, вработените на клиниката ги избираат најдобрите колеги во осум категории.

Како дел од поддршката, Premium Safety Solutions ја обезбеди наградата за најдобра организациска единица.
Од КС Групација истакнуваат дека ваквите иницијативи се дел од нивната долгорочна стратегија за општествена одговорност и поддршка на клучните сектори во општеството, особено здравството и образованието.

„Веруваме дека признанието и поддршката на луѓето кои секојдневно се грижат за здравјето на граѓаните е од исклучително значење. Како компанија, остануваме посветени на иницијативи што носат вистинска вредност за заедницата“, велат од КС Групацијата.
Со оваа поддршка, КС Групацијата уште еднаш ја потврдува својата улога како одговорен општествен партнер и активен учесник во градењето подобри услови за живот и работа.

