Местенка на векот: Французин среде решавачки тајбрејк го проверуваше – телефонот (ВИДЕО)
Во тајбрејкот во решавачкиот сет, Умбер водеше со 4-3 и имаше два сервиси во низа – момент кога беше на чекор до победата. Но, наместо да застане на сервис линијата, 27-годишниот Французин неочекувано се упати кон својата клупа за да го провери мобилниот телефон, потег што ги шокираше и гледачите и присутните на теренот. Тој по враќањето во игра целосно го загуби ритамот, ги загуби следните четири поени и на крајот и самиот меч, дозволувајќи му на Манарино да го комплетира пресвртот.
Инцидентот веднаш предизвика бурни реакции и сомнежи за намерен пораз, а Умбер по натпреварот одби да објасни зошто токму во клучните моменти решил да се оддалечи од теренот и да го провери телефонот.